По четири години изградба отворена Lego House во Данска

21

topbanner-what-is-lego-house

Во данскиот град Билунд, каде што е измислена лего коцката, отворена е Lego House. Куќата, којашто се градеше четири години, е уникатен простор којшто на посетителите им нуди богато искуство со тематска архитектура, ресторани, изложби… Куќата се простира на површина од 12.000 метри квадратни, а искористени се 25 милиони лего коцки, пишува Inhabitat.

drvo-lego

Објектот изгледа како да е изграден од 21 лего коцка и е поделен на четири делови во различни бои. Во внатрешноста на објектот секоја од боите означува посебна зона за игра и учење. Црвената зона е за креативни вештини, сината за когнитивни вештини, зелената за социјални, а жолтата за емоционални вештини.

dino-lego

Во куќата има и три ресторани, Lego продавници, конференциски центар и јавен простор од 2.000 метри квадратни познат како Lego Square.

Фото: Lego