По една катастрофална недела, биткоинот повторно расте

30

По пад од една недела и вчерашниот пад под 30.000 долари, најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, денеска е во плус.

Во последните 24 часа неговата вредност се зголеми за 7,55%, a во моментов се тргува по цена од 33.942 долари. Пазарната капитализација на биткоинот е 639 милијарди долари.

Втората најпозната криптовалута во светот, етереум, исто така, забележа закрепнување од 3,26% во последните 24 часа, а во моментов се тргува за 2.014 долари.

И другите криптовалути исто така закрепнаа од вчерашниот пад. Рипл закрепна за 5,07%, Кардано за 6,89 %, Догкоин за 7,01%, итн.

Фото: Pexels