По кондиторската компанија Ferrero, уште една компанија е заинтересирана да инвестира во производство на лешници во близината на Ниш. Компанијата Екоранс, регистрирана во Србија, но со сопственици од Бугарија, сака во производство на лешници да инвестира 10 милиони евра во следните пет години. Договорот би можел да биде потпишан во првата половина од оваа година, а на плантажата од 150 хектари би работеле 100 работници, пишуваат српските медиуми.
Лешниците би биле наменети за извоз и производство на висококвалитетни чоколади во Швајцарија, Италија и Германија.
На почетокот на овој месец, Србија потпиша Меморандум за разбирање со италијански Ferrero, кој предвидува инвестиции на компанијата во производство на лешници.