По Фиат, во Крагуевац доаѓа и Huanghai

94

Huanghai-Кинеската компанија Huanghai се подготвува во производните хали на Застава во Крагуевац да започне со склопување на камиони од сопствено производство. Делегација на директори и експерти од Застава деновиве се во Кина каде што би требало да го прецизираат претходно потпишаниот протокол за соработка.

Според Данас, Кинезите прво биле заинтересирани за деловно – индустриска соработка со Застава Камиони и Специјални возила од Сомбор, а потоа и за приватизација на фабриките на Застава.

Ако се оди според планот, во Застава се надеваат дека камионите ќе почнат да се склопуваат кон крајот на октомври. Ќе се произведуваат камиони со носивост од седум до осум тони, комбиња, минибуси, пикапи и теренски возила.

Застава камиони, Специјални возила, Застава инпро и останатите фирми од групата Застава возила се наоѓаат во реструктуирање и нивниот статус мора да се регулира до средината на следната година.