Грешки многу чeсто се случуваат, ретко се неизбежни, но понекогаш се исплатат и тоа во парична смисла. Една од тие исплатливи грешки му се случи на неименуван купувач, на кој наместо посакуваниот iPhone 6, по грешка му е испорачан прототипот од тој паметен телефон.
Дека станува збор за прототип видливо е на прв поглед по ознаките на куќиштето и по изгледот на корисничкиот interface. Портата за полнење на батеријата, приклучување на iPhone со компјутер преку кабел е означен со црвена боја, а од корисничкиот Interface ги нема иконите во боја и препознатливиот дизајн, пренесува Bug.hr.
Иако станува збор за прототип, iPhone 6 бил уредно испорачан со дополнителната опрема како што се слушалки, полнач, документација и кутија. И додека многумина би се жалеле на она што го добиле, “несреќниот“ купувач од Беверли Хилс, се обидел да заработи и истиот го понудил на аукција преку eBay.
Засега, овој потег се покажал како полн погодок, бидејќи за кратко време постигна цена од над 56.000 долари.