По Хрватска, H&M и во Србија

65

hmШведскиот моден гигант H&M годинава ќе влезе на српскиот пазар, а првата продавница ќе биде отворена на есен.

“Многу сме задоволни што ќе ја отвориме првата продавница во Белград. Возбудени сме што на потрошувачите во Србија на есен ќе можеме да им понудиме мода и квалитет по најпристапни цени”, изјави Карл Јохан Персон, извршниот директор на H&M.

Продавницата ќе биде отворена во Делта сити шопинг центарот.

“Сигурни сме дека присуството на овој светски бренд ќе ја промени малопродажната структура на Србија и ќе го позиционира Белград како примарна шопинг дестинација, не само за локалниот пазар, туку и за посетители од целиот регион”, изјави Војислав Главиниќ, потпретседател на Делта Холдинг за Real Estate групата.

Освен во Србија, оваа година H&M ќе влезе и на пазарите на Чиле, Естонија и Литванија, како и во Индонезија преку франшиза.

H&M во 2011 година отвори неколку продавници во Хрватска и тоа во Загреб, Риека, Задар, Шибеник, Сплит и Осиек.