По ЈАТ, Етихад ќе ја купува и Кроација ерлајнс?

22

Во следните година и половина, хрватската влада би можела да ја продаде националната авиокомпанија Кроација ерлајнс, дознава Јутарњи лист од владините кругови. Но, тоа не би била класична продажба, туку новиот сопственик би ја докапитализирал компанијата. Претходно треба да се спроведе план за CROATIA_AIRLINESреструктуирање, за компанијата да биде попривлечна за потенцијалните купувачи. По реструктуирањето, Кроација ерлајнс би им била интересна на купувачите од повеќе причини. Изградбата на новиот аеродромски терминал во Загреб ќе создаде предуслови за создавање нов главен јазол за поврзување на западна Европа со Далечниот исток, пишува весникот.

Засега нема информации за потенцијални купувачи, но аналитичарите укажуваат на можен влез на авиокомпанијата Етихад од Обединетите Арапски Емирати во овој регион. Тие веќе преговараат со српската влада за купување на 49% од ЈАТ ервејз. Според најавите, управата на Етихад одлуката за склучување на стратешко партнерство ќе ја донесе во јуни.

Според соговорниците на Јутарњи лист, опцијата по ЈАТ, Етихад да се сврти кон Кроација ерлајнс не е нереална. Со тоа оваа арапска компанија ќе стане лидер во регионот.

Освен Кроација ерлајнс и ЈАТ, нов сопственик бара и словенечката Адриа ервејз. Приватизацијата на оваа компанија веќе неколку пати се одложува. Минатата година беше распишан тендер за продажба на 75% од компанијата, но новата словенечка влада неодамна објави дека засега Адриа нема да оди на продажба и покрај тоа што 2012 година ја заврши со загуба од 10,8 милиони евра.