По која цена утрово се тргуваше барел нафта?

34

Пазарот на нафта од утрово бележи пад. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар изнесува 112 долари, што е за 1 отсто помалку од вчера. Цената на нафтата на американскиот пазар изнесува 110 долари за барел, што е зголемување за околу 1 отсто, во однос на истиот период вчера.

Цена на пченица и пченка

Цената на пченицата има иста вредност како вчера и изнесува 1.108 долари за тон. Цената на пченката е 784 долари за тон, што исто така е иста вредност како вчера.