По колапсот на банкарските акции – драстичен пад и на цените на нафтата

140

Цената на нафтата брент падна под 75 долари за барел за прв пат од крајот на 2021 година, по колапсот на акциите на Credit Suisse, како и претходниот колапс на банката во Силиконската долина (SVB) и на целиот банкарски систем.

Фјучерсите паднаа за 3,5 отсто на 74,72 долари за барел попладнево. во Лондон, а претходно WTI падна под 70 долари, исто така за прв пат од декември 2021 година, пишува Bloomberg.

Сепак, многу пазарни аналитичари сè уште се оптимисти за долгорочните изгледи, при што саудиската нафтена компанија Aramco прогнозира дека потрошувачката веројатно ќе достигне рекордни 102 милиони барели дневно до крајот на 2023 година.

Блумберг потсетува дека месечните извештаи на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија, кои треба да бидат објавени оваа недела, ќе дадат повеќе индикации за изгледите за понудата и побарувачката на нафта.