По Lidl, во Србија доаѓа и Kaufland?

61

kauflandТрговскиот ланец Kaufland планира да го прошири своето работење и на српскиот пазар, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на пишувањето на германските медиуми.

Според Lebensmittel Zeitung, Kaufland од почетокот на јануари е во потрага по национални застапници во Србија.

Kaufland, исто како и Lidl, е дел од германската Schwarz Gruppe. Lidl минатата година најави дека ќе влезе на српскиот пазар и веќе има купено земјиште во неколку градови во Србија.

Kaufland во регионот веќе е присутен во Хрватска, Бугарија и Романија, а Србија би била осми пазар на овој ланец, вклучувајќи го и домашниот, германскиот.