По морињата и океаните пловат танкери нафта кои никој не ги сака

79

Производството на нафта во однос на побарувачката е на рекордно ниво. Америка извлекува големи количини на нафта од шкрилци. Русија и членките на ОПЕК во моментов се во ценовна војна и го поплавуваат пазарот на сирова нафта.

Од друга страна, има многу нафта што никој не ја сака бидејќи сообраќајот е забавен поради коронавирусот.

Bloomberg наведува дека токму затоа по светските мориња и океани пловат танкери со нафта што никој не ги сака. Производството е сè уште поголемо од побарувачката.

“Производството на нафта во однос на побарувачката е на рекордно ниво. Складирањето на копно е полно и сега сите бараат дополнителни танкери“, вели  Роберт Хвајд МекЛеод, директор на Frontline Management.

Некои трговци продаваат нафта за 2021 година, вклучувајќи ги трошоците за складирање на море или на копно.
За многу купувачи тоа одговара бидејќи проценуваат дека цената којашто сега ќе ја платат ќе биде поевтина од нафтата која би ја купиле за година дена.

Фото:Pixabay