
На Волстрит, индексот S%P 500 благо порасна во вторникот, втор ден по ред, но тргувањето беше неизвесно бидејќи во денеска американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги објави одлуките за реципрочни царини.
Индексот Dow Jones ослабе за 0,03 отсто, на 41.989 поени, но S&P 500 порасна за 0,38 отсто, на 5.633 поени, а индексот Nasdaq за 0,87 отсто, на 17.449 поени.
Во текот на денот, индексите се менуваа на позитивна и негативна територија, бидејќи инвеститорите се неизвесни пред одлуката на Трамп за царините.
Белата куќа потврди дека одлуката ќе биде соопштена во среда попладне.
Но, ништо друго не се знае – не се знае дали царините ќе важат за увоз од сите земји или само оние со кои САД имаат најголем трговски дефицит, дали стапката на царинење ќе биде иста за сите или за различни?
И додека едни велат дека по најавата на Трамп ситуацијата ќе биде јасна, други не се сигурни во тоа.
„Мислам дека нема да ја добиеме јасната слика што ја сакаат инвеститорите и деловните луѓе. Поминавме многу време зборувајќи за тарифите, но поважна приказна е што се случува со економијата, која не е со полна брзина“, вели Гарет Мелсон, стратег во Natixis Investment Managers Solutions.
Можеби во среда ситуацијата ќе биде појасна во однос на царините, но одговорот на прашањето како овие царини ќе се одразат на економијата ќе треба да се почека уште некое време.
Повеќето аналитичари очекуваат пораст на инфлацијата и негативно влијание врз меѓународната трговија, а со тоа и растот на економиите.
И бидејќи многу земји, вклучувајќи ги Кина, Канада и Европската унија, најавија контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, што дополнително ќе ја влоши ситуацијата во глобалната економија.
Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонски FTSE индекс зајакна за 0,61 отсто, на 8.634 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,70 отсто, на 22.539 поени, а париски CAC зајакна 1,10 отсто, на 7.876 поени.











