По Нова година ќе се донесе законско решение за недела неработен ден

63

По Нова година законското решение за недела да биде неработен ден ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде донесено, најави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

“Постојат дилеми во одредени области и затоа им било потребна темелна анализа за да ги соочат аргументите за и против на сите заинтересирани страни. Министерството за труд и социјална политика ја изработи драфт-верзијата, ја предочивме на сите членови односно партнерите во социјалниот дијалог, сè уште во општеството има интерес за ова законско решение – за и против, меѓутоа ние не се откажуваме. Верувам дека по Нова година законското решение ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде изгласано во интерес на оние заради кои го носиме. Дилемите се околу тоа кој треба да биде опфатен со недела неработен ден, односно кои дејности во државата треба да функционираат – здравството, полицијата, социјалната служба, центрите за детска заштита, старските домови, противпожарните служби, комуналните служби. Тоа се витално важни дејности без кои оваа држава не може да функционира“, рече Шахпаска одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сто дена од мандатот.

Фото: Freepik