По половина век ја напушта челната позиција во Suzuki

49

Деведесет и едногодишниот Осаму Сузуки поднесе оставка од челната позиција во Suzuki Motor Corp.

Сузуки, кој 22 години беше извршен директор на групацијата, а потоа ја презеде функцијата претседател уште две децении, се повлекува од челната позиција на јапонскиот автомобилски производител, пренесува Bloomberg.

Тој и понатаму останува во Suzuki како висок советник.

Скоро половина век помина во компанијата, а за тоа време работел на развој, пробив на нови пазари, достигнување доминантна позиција на индискиот пазар во текот на два мандати од 1978 до 2000-та година.

Успеал да склучи и договори за соработка со двата најголеми светски производители на автомобили во светот, Volkswagen и General Motors, коишто на крајот не се реализирани.

Неговата компанија ја претстави и среднорочната стратегија што подразбира електрификација на сите модели и нулта емисија на штетни гасови до 2050 година.

Suzuki за фискалната година, што завршува во март, проектира добивка од 1,5 милијарди долари, што е една четвртина од профитот остварен во претходната година.

Фото: Pexels