По потегот на Пентагон, Безос е уште побогат

141

Џеф Безос од вчера “тежи“ рекордни 211 милијарди долари, откако акциите нa Amazon пораснаа за 4,7%.

Причината поради која акциите на Аmazon нагло скокнаа беше најавата на Пентагон да го раскине договорот вреден 10 милијарди долари со Мicrosoft за проектот JEDI, комбинирана набавка на услуги во облак и технолошка модернизација на Пентагон за време на администрацијата на Доналд Трамп. Во исто време, беше објавено дека тој ќе потпише договор со друга компанија, а тоа може да биде Аmazon.

Само шпекулациите беа доволни да го направат Безос уште побогатдури и по неверојатниот раст на акциите на Аmazon минатата година, кога пандемијата на коронавирусот значително помогна Аmazon да стане уште повредна компанија.

Досега најблиску до ова рекордно богатство на Безос беше Илон Маск на почетокот на оваа година, кога Bloomberg го процени неговото богатство на 210 милијарди долари.

Фото: Pixabay