По повеќе од илјада години ножиците добија сосем нов изглед

66

maxresdefaultRight Shears е името на новите ножици коишто изгледаат сосема поинакво, а заслужен за тоа е еден старт – ап на чие чело стои Шејн Вермејт, пишува Ubergizmo. Станува збор за ножици коишто се под агол од 90 степени што му дава на сечењето нов и полесен пристап.

Според креаторот, ножиците нудат подобра ергономија при ракување со сечилото и може да им ја олеснат работата на оние што имаат одредени медицински проблеми, како на пример артритис. Ножиците се држат одозгора и тој што сече има подобра контрола врз нив.

Моментално Вермејт работи со неколку производители и планира да започне кампања за групно финансирање штом ќе се одреди цената и датумот кога Right Shears ќе бидат достапни за продажба.