По санкциите: Air Serbia со огромен пораст на летовите Белград-Москва

268

По санкциите на Западот против Русија поради војната во Украина и затвореното небо за руските и европските авиокомпании, летовите Белград-Москва бележат вистински
бум. Српската авиокомпанија Air Serbia веќе е европски „хаб“ за Русите, коментираат претставници на воздухопловната индустрија.

Руските медиуми објавија дека Air Serbia веќе побарала од регулаторот „Росавијација“ да отвори повеќе фреквенции за Москва и дека авиокомпанијата има намера да ја прошири својата флота со дополнителни авиони од малцинскиот сопственик Etihad Airways за да ја задоволи зголемената побарувачка.

Русија веќе апелираше до руските граѓани кои сакаат да се вратат во земјата тоа да го сторат преку Белград, што е една од нивните ретките опции во моментов.

Руски воздухопловни експерти коментираат дека ова е добра вест за граѓаните на Русија, но нема да ја спречи тешката криза во која веќе се наоѓа локалниот авијациски сектор. Тоа е затоа што зголемувањето на бројот на летови не е предизвикано од очекувањата на туристите, туку од затворањето на сите други можности за летање до и од Европа.

Меѓутоа, Србија денес веќе е еден вид „центар“ преку кој Русите, кои поради деловни причини треба да влезат на територијата на Европската унија, тоа ќе мора да го сторат со застанување во српската престолнина. Во оваа смисла, неколку авиокомпании во моментов се натпреваруваат со Србија, од кои најголемата е Turkish Airlines.