По што Бајден ќе биде првиот американски претседател во историјата

59

Џо Бајден и официјално седна во претседателската фотелја на САД и со тоа станува еден од најстарите претседатели, бидејќи пред него досега немало државник на 78 години што ќе застане на една од најмоќните светски држави.

Неговиот претходник, Доналд Трамп во моментот на инаугурацијата во 2017 година имал 70 години, пренесува Fox News.

Сепак, веќе екс американскиот претседател Трамп не е најстариот претседател досега, туку Роналд Реган, кој во моментот кога си заминал од власта имал 77 години и 349 денови. Реган бил претседател два мандати како претседател од 1981-ва до 1989-та година, кога го замени Џорџ Буш постариот.

Фото: Facebook