По стрмниот пад, економијата на еврозоната со скок од 12,7%

33

Економијата на земјите членки на еврозоната има пораст од 12,7% во третиот квартал од оваа година, откако компаниите повторно почнаа со работа по воведениот карантин заради пандемијата.

Европскиот економски раст, според податоците на Eurostat, е најголем раст уште од времето кога почнале да се водат статистики во 1995 година.

Овој раст следи по огромниот пад на економската активност од 11,8% во вториот квартал од економиите на 19 земји членки на ЕУ, што се дел од еврозоната. На ниво на земјите членки на ЕУ, економскиот раст е нешто понизок и е на ниво од 12,1%, откако еден квартал претходно имаше стрмен пад од 11,4%.

Како предводник на закрепнувањето се издвојува Франција со раст од 18,2%, по што следат Шпанија со 16,7% и Италија со 16,1%. Но, тие земји беа и најсилно погодени од пандемијата. Германија има поскромни перформанси и раст од 8,2%, но кај нејзината економија беше регистриран и помал пад во критичниот период од 9,8%.

Фото: Freepik