По турбулентната среда – Благ пораст на цената на нафтата

65

Фјучерсите на суровата нафта се зголемија за околу 0,6 отсто во четвртокот наутро по благиот пад од 1 отсто претходниот ден, кога суровата нафта од типот Брент падна под 90 долари за барел, а американската нафта WTI под 83 долари за барел.

Во четвртокот наутро  суровата нафта од типот „брент“ се тргуваше за 90,40 долари за барел, додека суровата нафта WTI порасна на 83,40 долари, според OilPrice, специјализиран портал за следење на енергетскиот пазар.

Цените на нафтата варираат во последните 24 часа. Тие прво паднаа по најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација во земјата, а потоа пораснаа, бидејќи побарувачката преовладуваше над стравувањата од глобална рецесија.

Двата одредници на нафтата паднаа на најниско ниво во последните две недели во средата, откако американската ФЕД ги зголеми каматните стапки за 0,75 отсто по трет пат од јуни во обид да ја спречи растечката инфлација. ФЕД посочи дека трошоците за задолжување ќе продолжат да растат во тековната година, пренесува Ројтерс.

Во меѓувреме, некои кинески рафинери размислуваат да го зголемат производството во октомври, предвидувајќи посилна побарувачка и потенцијален пресврт во кинеската политика за извоз на гориво, што би можело да ја зголеми побарувачката на сурова нафта.