По вчерашната “царинска паника“ Македонската берза денеска во зелено

Откако Македонскиот берзански индекс МБИ1 вчера го следеше трендот на светските пазари и загуби 3.83 отсто во вчешниот трговски ден, денеска забележа благ раст од 0,80%.

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје забележа раст од скоро 2% (1,99%) Алкалоид 1,07%, НЛБ Банка од 1,46% и Макпетрол од 0,88%. Индексот МБИ10 во петокот ја “затвори“ Берзата со 10.437,41 поен, а денеска изнесува 10.117,35 поен.

 

Инаку, во 2024 година, индексот МБИ10 достигна рекордно ниво од 10.200,91 поени, што претставува раст од 66,78% во однос на претходната година. Овој раст е значаен показател за позитивните трендови на пазарот.

Во јануари 2025 година, индексот МБИ10 продолжи со позитивни трендови, забележувајќи раст од 8,3% на почетокот на годината.

Денеска  беше подобар ден и за европските берзи. Европските берзански индекси пораснаа денеска по четири дена загуби, како и цените на нафтата, златото и пченицата, но пазарната тензија поради царините на Трамп и понатаму е висока.
Во Европа, најтешко се погодени компаниите кои во голема мера се потпираат на глобалната трговија и синџирите на снабдување, како и на автомобилскиот сектор.