По вчерашниот пад, биткоинот денеска бележи раст

14

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот вчера падна под 30.000 долари, првпат од 22 јуни, повлекувајќи и други дигитални валути надолу.Според CoinMarketСаp, за 24 часа околу 98 милијарди долари беа избришани од крипто пазарот, пренесе CNBC.

Биткоинот, денеска забележа раст од 3,71 % и во моментов (10:30, среда) се тргува по цена од 30.848 долари.

Втората најпозната криптовалута во светот, етереум, забележа скоро двојно поголем раст. Во последните 24 часа порасна за 6,93% и се тргува по цена од 1.871  долари.