По втор пат нема заинтересирани за Танјуг

47

tanjug-580x292

Постапката за собирање понуди за продажба на капиталот на српската новинска агенција Танјуг по втор пат е прогласена за неуспешна, затоа што до Агенцијата за приватизација во предвидениот рок не е поднесена ниту една пријава за учество, пишува еКапија.

Агенцијата за приватизација по втор пат објави повик за приватизација на Танјуг, откако на првиот немаше заинтересирани. Почетната цена беше 380.467,87 евра.

Вредноста на капиталот е проценета на 760.936 евра. Државата Србија го продава својот 100% удел во сопственоста на Танјуг.