На глобалните пазари доларот падна од 20-годишниот максимум минатата недела во однос на кошницата валути, при што еврото доби повеќе од 1 процент откако Европската централна банка ги зголеми каматните стапки поагресивно од очекуваното.
Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 1,2 отсто, на 106,70 поени.
Истовремено, доларот падна за 1,3 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0215 долари, блиску до највисокото ниво во последните две недели.
Курсот на доларот падна и во однос на јапонската валута, за 1,7 отсто, на 136,10 јени.