Побарувачката за автомобили во ЕУ нагло падна во март

82

Во март во ЕУ се регистрирани 844.187 нови автомобили, за 20,5 отсто помалку од истиот месец минатата година, објави ACEA.

Во февруари нивниот број е намален за 6,7 отсто.

Побарувачката за автомобили падна во март деветти месец по ред, во услови на континуирани прекини во синџирот на снабдување, влошени со руската инвазија на Украина, што го отежнува производството.

Во Шпанија и Италија побарувачката е намалена за 30 отсто, во Франција за 20 отсто и во Германија за 17,5 отсто.

Пад на почетокот на годината

Во текот на првиот квартал од оваа година, бројот на регистрации на нови автомобили во ЕУ е намален за 12,3 отсто во однос на истиот период лани, при што се регистрирани вкупно 2.245.976 нови автомобили, соопшти здружението.

Меѓу водечките пазари, побарувачката за автомобили најмногу падна во Италија, за 24,4 отсто. По нив следуваат Франција со пад на побарувачката за 17,3 отсто и Шпанија каде таа паднала за 11,6 отсто-

Најмал пад во групата забележа Германија, од 4,6 отсто.