Побарувачката за нафта ќе стагнира за 10 години

33

Светската побарувачка за нафта умерено ќе се зголемува до крајот на 2030 година, по што би можела да почне да се намалува, објави Организацијата на земјите извозници на нафта (OPEC – Organization of the Petroleum exporting countries), предвидувајќи големо промени под влијание на трајните последици од коронакризата врз економијата и потрошувачите, пренесува Al Jazeera.

Според проекциите на ОРЕС, се наведува дека употребата на нафта ќе порасне на 107,2 милиони барели дневно до 2030-та година, од овогодишните 90,7 милиони, што е за 1,1 милион под минатогодишните прогнози за следните 10 години и дури 10 милиони барели помалку во однос на проекциите од 2007-ма година.

“Глобалната побарувачка за нафта ќе расте по релативно здрава стапка во текот на првиот дел од прогнозираниот период по што ќе почне да стагнира и да се намали во втората половина од анализираниот период“, покажува извештајот што се однесува на период од 2019-та до 2045-та година.

Се очекува потрошувачката за нафта да биде под нивото на претходните проекции поради долгорочните последици од мерките што беа преземани за запирање на ширење на Ковид-19.

Иако употребата на нафтата како гориво за автомобили, камиони и во индустријата ќе расте како што ќе закрепнува економијата, ОРЕС е загрижен дека тој раст во иднина ќе биде неутрализиран преку работа од дома и телеконференции наместо одење на работа во посткорона периодот.

Фото: Freepik