Побарувачката за SpaceX надмина 250 милијарди долари – четири пати повеќе од понудата

Побарувачката на инвеститорите за првичната јавна понуда (IPO) на акциите на SpaceX достигна ниво од околу четири пати поголем интерес во споредба со понудениот обем на емисијата, објави  Ројтерс.

Повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, агенцијата наведува дека вкупната вредност на побарувачката за акциите надминала 250 милијарди долари, додека компанијата на Илон Маск планирала да собере околу 75 милијарди долари.

Голем интерес, првенствено од институционалните инвеститори, доаѓа пред очекуваното котирање на SpaceX на берзата, кое, според учесниците на пазарот, би можело да стане најголемата јавна понуда на акции досега.