Побарувачката за велосипеди “експлодира“, за една недела продадени колку за цела година

123

Побарувачката за велосипеди буквално експлодираше за време на пандемијата. Во Европа, продажните бројки се дуплирани или тројно поголеми од претходната година, објави малопродажниот гигант Decathlon. Кина пак, јавува за петкратно зголемување, пренесува Seebiz.

Производителите се соочија со потешкотии поради сложените синџири на снабдување, бидејќи повеќе од половина од одделните делови се увезуваат од Азија, а неколку компании ги откажаа летните одмори на своите вработени.

Австрискиот производител КТМ годинава продаде повеќе од 260.000 велосипеди, од кои 80 % се во Австрија и Германија, пренесува виенски Standard. Уште 250.000 се во книгите за нарачки за тековната финансиска година.

“Во првите недели по затворањето, продадовме повеќе е-велосипеди отколку во целата претходна година, вели Стефан Лимбрунер. Наместо 800, тие произведуваат 1.000 велосипеди на ден, наскоро и по 1.200.

KTM вработува 600 луѓе за конструирање велосипеди, од кои 400 се во производство.

Фото: Freepik