Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

31

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави го зајакна доларот во однос на европската заедничка валута, а некои аналитичари дури предвидуваат дека еден долар наскоро ќе вреди колку едно евро.

Според податоците од берзата, еврото во 12:35 часот се продаваше за 1,07186 долари и падна за 1,98 отсто. Трговците со валути се свртуваат кон еврото бидејќи победата на Трамп ги зголемува шансите за агресивно намалување на каматните стапки во еврозоната, промени кои водат до паритет на еврото со доларот.

Холандските банки ABN Amro и ING веруваат дека еден долар ќе се продава по цена од едно евро во наредните месеци, додека Deutsche Bank прогнозира дека еврото ќе падне на 1,05 долари до крајот на годината. Ветувањето на Доналд Трамп за воведување дополнителни царини би можело дополнително да ја ослабне европската економија, што би барало Европската централна банка уште повеќе да ја олесни својата монетарна политика, пренесува Блумберг.

„Трамп се врати и сите се плашеа од овој момент. Сосема е јасно дека овој исход, во релативна смисла, не е одличен за европските средства“, рече глобалниот инвестициски директор на швајцарската банкарска групација Ломбар Одиер, Мајкл Штробек, според до Танјуг.