Победете ја настинката за три дена со супер напивка

24

cimet-caj

Фото: Pixabay

Носот ви тече, имате главоболка и кашлица… Ова сценарио ни е добро познато со оглед на тоа што во просек грипот нè фаќа три пати годишно. Оваа состојба, што може да трае и до девет дена, може да ја спречите со неколку паметни трикови.

Народните лекови со причина се користат со векови, тие докажано помагаат во ублажувањето на симптомите и времетраењето на болеста.

Најдобрата работа е што потребните намирници ги имате во вашата кујна, а вие треба само да ја подготвите напивката што делува антивирусно и антибактериски. Во еден децилитар млака вода додадете една лажичка мед и две лажички цимет во прав. Промешајте додека медот не се растопи и пијте од напивката два пати на ден, три дена по ред.

Почнете да пиете повеќе вода, чаеви и цеден портокал. Ова ја ублажува главоболката и затнатиот нос, но во борбата против настинката ќе ви помогне и чаша топла вода во којашто ќе додадете пола лажичка сол. Гаргарата со солена вода ќе го намали воспалението и го олеснува искашлувањето.