Победничката летна selfie фотографија поставена на три билборди во Скопје

126

selfie vip

Во рамките на  летната кампања “Like” за бесплатен Facebook, Вип оператор организираше избор за најдобра летна selfie фотографија снимена со мобилен телефон за фановите на Facebook. Вчера Вип ја претстави победничката selfie фотографија и нејзиниот креатор Мартин Петровски.

Победничката фотографија која е поставена на три билборди во Скопје, беше избрана од вкупно 292 selfiе фотографии од страна на стручно жири.

“Среќен сум што мојата омилена Selfie фотографија се наоѓа на билборд. Фотографијата е сликана во Ница, додека бев на апсолвентска екскурзија. Во фотографијата се стотина мои колеги и пријатели и како што може да се забележи е полна со позитивна енергија, нешто што за мене е основа за добра selfie фотографија, нешто поинакво од стандардното. Ги сакам оние фотографии кои кажуваат некоја приказна, пренесуваат чувство, или пак се сликани во правиот момент и со право друштво“, изјави Мартин Петровски, креаторот на победничката selfie фотографија од летниот selfie натпревар на Вип.

Во рамките на летниот Вип selfie натпревар беа доделени четири паметни телефони SONY Xperia Z Ultra – за секоја од прво рангираните фотографии од 4-те циклуси и пригодни подароци за второ и трето рангираните од сите 4 циклуси.

Во исто време, поради големиот интерес и придобивките за припејд корисниците, Вип го продолжи времетраењето на промотивната понуда за бесплатен Facebook за своите припејд корисници, со што им овозможува бесплатен Facebook на својот мобилен телефон во секое време, каде и да се наоѓаат во Македонија.