Побројни домашни одошто странски туристи во мај

24

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во мај 2021 година изнесува 36.520, од кои 52% се домашни туристи, а 48% се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во мај 2021 година изнесува 79.413, од кои 48,1% се од домашните туристи, а 51,9% од странските туристи.

Во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 10% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 63,3%, а кај странските има намалување за 21,6%.

Во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16,6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 44,6%, а кај странските има намалување за 4,9%.

Фото: Pexels