Почеток на проектот за развој на живинарството во Македонија

13

Со првата работилница што ќе се одржи денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, официјално почнува Проектот за развој на живинарството во Република Македонија, пишува Миа.

Работилницата ќе ја отвори ресорниот министер Михаил Цветков, а ќе се обрати и тим лидерот на проектот Давид Невен.

Покрај меѓународните и домашни експерти, ќе учествуваат и претставници од владини институции, бизнис секторот, индивидуални производители, факултети и од невладиниот сектор.

Работилницата се спроведува со техничка помош од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации (ФАО).