Џилберто Бенетон, еден од основачите на познатиот моден бренд Benetton, почина на 77 годшина возраст по кратко боледување, пишува BBC.
Тој заедно со своите браќа Лучијано и Карло и сестрата Џулијана ја основаа компанијата United Colors of Benetton во Италија, во 60-тите години на минатиот век.
Фамилијата Бенетон е една од најмоќните во земјата, со бизниси во градежништвото, транспортот и угостителството.
Џилберто е заслужен за проширување на компанијата надвор од бизнисот со облека, што и донесе милијарди евра и светска слава.
Силните и светли бои на џемперите коишто беа нивен заштитен знак, ги одбележаа 80-тите и 90-тите години, како и смелите и провокативни реклами кои што ги има и денес.
Фамилијата исто така ги контролира и аеродромите во Рим.
Фото:Facebook