Почина директорот на Виндија

93

Познатиот хрватски бизнисмен, директор на Виндија, Драгутин Дрк (84), почина денеска во Вараждин, објави компанијата. Дрк на чело на Виндија беше повеќе од 50 години.

Тој беше мнозински сопственик и единствен член на Управниот одбор на Виндија.

Од 1993 до 1996 година беше член на Градскиот совет во Вараждин, а од 1997 до 2000 година беше заменик градоначалник.

“Тој помина повеќе од 50 години на чело на Виндија, создавајќи локален и регионален лидер за храна. Од самиот почеток на неговата кариера, тој имаше визија за развој на силна домашна и регионална компанија, со комплетен циклус на производство, инспирирајќи ја деловната заедница, партнерите и соработниците“, стои во компаниското соопштение.

Денес Виндија вработува скоро 3.700 лица.

Фото: Facebook