Почина Ивица Пивац

150

Хрватскиот бизнисмен Ивица Пивац (71) почина во понеделникот откако му се слошило на плажа. Според хрватските медиуми, косопственикот и претседател на одборот на директори на Групацијата Пивац починал на пат кон болницата во Сплит.

„На Ивица му се слоши на плажа каде се обиделе да го реанимираат, но за жал починал на пат кон КБЦ во Сплит“, пишуваат хрватските медиуми.

Месната индустрија Браќа Пивац е основана во Вргорац во Далматинска Загора во 1952 година како семејно производство. „Јутарњи лист“ наведува дека семејниот бизнис започнал во раните осумдесетти години кога нивната месарница во Вргорац била откриена од ресторани и хотелиери на „Макарска“.

Компанијата Браќа Пивац имаше 250 продавници само низ цела Хрватска. Покрај Месната индустрија Браќа Пивац, Групацијата Пивац вклучува две други компании за преработка на месо – ППК Карловац Месна Индустрија и Вајда Месна Индустрија.

Месната индустрија Браќа Пивац објави во јануари 2020 година дека го преминала прагот од 50 отсто од акциите во Краш. Во мај 2021 година, Месна индустрија Браќа Пивац е купувач на голем пакет акции на Подравка продадени од пензискиот фонд „Ерсте“. Групацијата Пивац е во сопственост на починатиот Ивица и неговиот брат Невен Пивац и нивниот внук Миљенко.

Целата групација лани имаше вкупен приход од околу 500 милиони евра, додека само Месна индустрија Браќа Пивац имаше 290,6 милиони евра приход.