Почина мајката на милијардерот Ричард Брансон

26

Деведесет и шестгодишната Ева Брансон, мајката на милијардерот и основач на Virgin Group, Ричард Брансон, починала како последици од коронавирус, пренесува CNN.

Како што напиша Брансон, неговата мајка се “борела за последната победа, успевајќи да се избори против вирусот, но на тоа ја потрошила целата своја енергија“.

Брансон рекол дека една од неговите сестри и неговиот внук биле покрај нејзе до последниот момент, како и “прекрасните негувателки кои ги забавувала со приказни од животот и многу смеа со чаша виски“.

Од неговата мајка, Брансон и неговите браќа и сестри научиле колку е важна “напорната работа, третирањето на луѓето онака како што сакате тие да се однесуваат кон вас, за претприемништвото и уште многу други работи“.

Брансон се потсетува дека неговата мајка е заслужна за почетокот на конгломератот Virgin, бидејќи таа му ги дала потребните 100 фунти што ги добила откако продала ланче.

Една од вселенските летала на Virgin Galactic го носи нејзиното име VMS Eva.

Таткото на Брансон починал во 2011 година.

Фото: Faceboоk