Почина Миодраг Костиќ, еден од најбогатите луѓе на Балканот, основач и претседател на МК Груп

199

Денеска почина основачот и претседател на МК Груп, Миодраг Костиќ (1959-2024), соопштија од компанијата.

– Визионер и стратег во бизнисот, во текот на својата 40-годишна активна професионална кариера, создаде еден од најголемите бизнис системи во регионот кој работи надвор од границите на Србија, што му донесе меѓународен статус на еден од највлијателните лидери и најуспешни бизнисмени во Југоисточна Европа – изјавија од МК Груп.

Компанијата потсети дека во текот на својата кариера, Костиќ постигна голем успех и пионерски потфати во земјоделството, туризмот, енергетиката и банкарството, позиционирајќи ги своите компании како лидери во овие сектори.

Проширувањето на бизнисот го следеше со бројни општествено одговорни активности.

Тој се повлече од менаџерската улога во компанијата што ја изгради пред пет години. Стратешкото управување со деловниот систем му го довери на својот син Александар Костиќ, потпретседател на МК Груп и претседател на Управниот одбор на АИК Банка, додека извршното управување продолжи да го врши професионален менаџмент.

Раководството на двата системи, заедно со вработените, ќе продолжи да ја следи визијата за постојан раст и развој поставена од Миодраг Костиќ, соопшти компанијата.