Почина модниот креатор Пјер Карден

40

Познатиот француски моден дизајнер Пјер Карден, кој ја обликуваше модата на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, почина на 98-годишна возраст.

Карден почина во париска болница. Синот на италијанските имигранти, Пјер Карден, започна да работи во модната куќа на Кристијан Диор во 1946 година, а потоа тој придонесе за создавање на повоен “нов изглед“ (New Look).
Тој отвори модна куќа на крајот на 1949 година и ја прошири својата империја низ целиот свет.

“Ова е тажен ден за нашето семејство. Пјер Карден го нема повеќе. Ние сме многу горди на неговите амбициозност и смелоста кои ги покажуваше во животот“, стои во соопштението од семејството.