Почина Мустафа Коч, претседател на најголемиот турски холдинг

79

mustafa-koc

Претседателот на најголемиот турски холдинг Коч, Мустафа Коч, почина на 55-годишна возраст, пишува Хуријет.

Од државната болница во Бејкоз велат дека Коч доживеал срцев удар додека вежбал. Прва помош му пружиле телохранителот и личниот тренер, а потоа бил пренесен во болница.

Мустафа Коч претходно имал проблеми со срцето. Во 2002 година му била извршена операција на срцето, додека неодамна бил подложен на хируршки зафат за намалување на тежината.

На 21-ви овој месец било планирано Коч да замине за Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум, каде било предвидено негово обраќање.

Во рамки на Коч холдингот влегуваат повеќе бизниси меѓу кои нафтена компанија, двата најголеми производители на автомобили Tofaş и Ford Otosan, брендот за апарати за домаќинство Arçelik, како и банката Yapı Kredi Bank и друго.