Почина основачот на Daewoo

36

Основачот на групацијата Daewoo, Ким Во Чонг, почина на 83-годишна возраст, пренесува Reuters.

“Никогаш нема да ја заборавиме неговата визија дека ако излеземе од оваа мала земја во светот, постои надеж за нас“, изјави Ху Чанг Су, претседател на конгломератот GS Group.

Инаку, Ким ја започна својата кариера како продавач, а во 1967 година вложил 5.000 долари во бизнис со текстил.

Преку Daewoo изградил блиски односи со корејските власти, па на врвот на нивното владеење, прераснува во втора најголема индустриска компанија во Јужна Кореја со 300.000 вработени во 110 држави.

Но, агресивниот раст на основа на задолжување го доведе Daewoo до пропаст на крајот на 90-тите години. Долгот на Daewoo тогаш изнесувал 75 милијарди долари.

Тој во 1999 година побегнал од земјата, но во 2005 година се вратил, по што бил осуден на 10 години затвор поради измама. Но, претседателот го помилувал во 2007 година.

Фото: Facebook