Почина првиот човек на Samsung – направи чудо од мала семејна фирма

303

Ли Кун Хи, првиот човек на јужнокорејскиот гигант, компанијата Samsung, почина на 78-годишна возраст во Сеул.

Ли е заслужен за трансформација на малиот бизнис основан од неговиот татко во денешен Samsung, глобален економски гигант којшто работи во области од производство на електроника, преку осигурување, до транспорт.

Првиот човек на Samsung ќе остане запаметен по реченицата која во 1993 година ја упати до своите вработени: “Ќе промениме сè, освен нашите жени и деца“.

Ли беше најбогатиот Јужнокореец со проценето богатство од околу 21 милијарда долари, според магазинот Forbes. Точната причина за смртта не е наведена.

Фото: Facebook