Почина соосновачот на синџирот на ресторани Subway

48

fred deluka

Фред ДеЛука, кој беше соосновач на синџирот на ресторани за брза храна Subway, почина на 67-годишна возраст, пишува Bloomberg.

Неговата компанија во 2013 година соопшти дека ДеЛука е болен од леукемија, по што неговата сестра Сузан Греко, ја презеде претседателската улога во Subway.

ДеЛука заедно со неговиот пријател Питер Бак го отвори првиот ресторан во Конектикат во 1965 година со само 1.000 долари инвестиција.

Денес, франшизата Subway вработува 42.000 луѓе во своите ресторани низ целиот свет.