Почна изградбата на Сараево Waves – населба со зелени покриви

10

saraevo

Во сараевската населба Отес почна изградбата на луксузниот комплекс Сараево Waves, станбено – деловен комплекс во природно опкружување. Комплексот се состои од пет блокови, односно 13 објекти кои нудат светли и пространи апартмани со големи тераси, пишува Klix.ba.

Становите ќе бидат со квадратура од 60 до 100 метри квадратни, а нивните сопственици ќе имаат пристап до зелените покриви на кои ќе можат да одмораат и да се релаксираат.

Вредноста на инвестицијата е 25,5 милиони евра.