Почна производството на новата Шкода Октавија

26

Започна сериското производство на третата генерација на моделот “Октавија” на Шкода, а се очекува на европскиот пазар да стигне на крајот на јануари 2013 година.

“Октавија е срце на марката Шкода. Нашите тимови благодарение на својата компетенција и ентузијазам ја создадоа најдобрата Октавија досега. Почетокот на производството на третата генерација за нас е голем момент”, изјави претседателот на Управниот одбор на Шкода, Винфрид Валанд.

Новата Октавија е поголема во однос на претходната генерација, а донесува и бројни иновативни системи за безбедно и комфорно возење.

Од појавувањето на овој модел во 1996 година доаѓа до меѓународна експанзија на Шкода. Овој бренд денес е присутен на преку 100 пазари во светот, а Октавија е продадена во преку 3,7 милиони примероци, пишува seebiz.