Почна со работа првата пловна електрана во Албанија

74

Statkraft, најголемиот европски генeратор на обновлива енергија, во соработка со норвешкиот добавувач Ocean Sun започна комерцијална операција во првата единица на соларниот проект во Албанија, со што дополнително ќе се зголеми енергијата добиена од обновливи извори.

Проектот е поставен на резервоарот Бања во Албанија, каде што Statkraft управува со хидроелектраната Бања од 72 мегавати. По успешното завршување на првата пловна соларна единица и приклучок на мрежата, електраната сега произведува обновлива енергија и обезбедува енергија во албанската национална електрична мрежа.

Пловната соларна електрана вклучува инсталирање на соларни панели на пловна структура на водена површина, како што се езера, фјордови или океани, но и на хидроелектрани. Секоја единица има пловен прстен и тенки мембрани. Во комбинација со ладење на плочите под вода, оваа мембрана и голема површина го прават овој концепт посебен. Технологијата ја разви Ocean Sun, а иако мембраната е дебела само неколку милиметри, лено може да ја издржи тежината на соларните панели и персоналот што ги извршува задачите или ја одржува постројката.

Првата единица, што се состои од 1.536 соларни панели, има инсталиран капацитет од 0,5 MWp и покрива околу 4.000 квадратни метри.

Фото: Pexels