Почнал како работник во рудник, а сега е најбогат во земјата

316

Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Novolipetsk (NLMK) Владимир Лисин го зазема првото место на листата најбогати Руси што ја објави Forbes.

Според наводите на магазинот, богатството на Лисин се проценува на 22,7 милијарди долари.

NLMK е најголем производител на челик во Русија. Производните капацитети на NLMK се наоѓаат во Русија, Европа и САД.

Лисин контролира 81,4% од акциите во компанијата. Роден е на седми мај 1956 година, а првата работа ја добил во 1975 година, работејќи како механичар во советски рудник за јаглен.

Откако дипломирал на Сибирскиот металуршки институт, се вработил како супервизор на заварувачи во железарницата Тулачермет. Со текот на времето, тој постепено напредувал и станал директор на одделот, шеф на трговија во 1979 година и заменик-главен инженер во 1986 година.

Во 1992 година, тој се приклучи на група трговци (Trans-World Group) кои ја презедоа контролата врз руска компанија за производство на челик и алуминиум.

Кога партнерите се разделија во 2000 година, тој доби 13% од компанијата, а подоцна се здоби со контролен удел. Неговиот поранешен шеф беше назначен за министер за руска металургија, па во 2000 година Лисин стана единствен сопственик на компанијата Novolipetsk.

Фото: Facebook