Почнува Агрофуд 2012

66

На Скопски саем денеска почнува 62. Меѓународен саем за широка потрошувачка Агрофуд 2012. Ќе учествуваат компании од Македонија, Бугарија, Италија, Србија, Грција и Словенија, кои ќе ги претстават најновите машини во земјоделската агромеханизација, земјоделските насади и вештачки ѓубрива, машини во иднустријата за пакување и амбалажирање на храна и пијалоци, конзервна индустрија, органска храна и ѓубрива.

Саемот за широка потрошувачка ќе се простира во две хали на површина од 5.000 метри квадратни.

Во рамки на Агрофуд 2012 ќе се одржат третата по ред изложба на ЕКО ЕТНО Македонија каде индивидуално ќе се претстават руралните општини од Македонија, нивната култура, храна и фолклор. За првпат оваа година ќе биде поставен и проектот Слоу фуд Македонија, на кои ќе настапат 12 конвивиуми од Македонија во соработка конвивиуми од Италија, каде ќе се подготвува традицонална здрава храна. Како дел од изложувачката програма се и Федерацијата на органски производители и нејзините членки, Здружението на земјоделци од Куманово, Федерацијата на фармери од Македонија и Средните земјоделски ветеринарни училишта од Македонија.

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски, во рамките на отворањето ќе ја додели наградата за најпроактивен земјоделец во организација на ПроКредит Банка. Изборот на најдобар земјоделец е во шест категории – житни култури, раноградинарство на отворено, раноградинарство под фолии или стакленици, производство на грозје и овошје, сточарство и органско производство.