Почнува гласањето за најдоброто #ФотоНаНеделата 

21

one vip logo

оне.Вип го објавува почетокот на гласањето за најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најбрзорастечки хаштаг во Македонија на којшто веќе една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојдневно ги тагнуваат своите најдобри фотографии на Инстаграм.

Гласањето е овозможено на http://fotonanedelata.mk/, каде што секој може да се пристапи со Инстаграм или Фејсбук профил и да гласа за својот фаворит до 20-ти март 2016 година.

На завршната изложба којашто ќе се одржи на 24-ти март 2016 година, во Concept37, ќе бидат изложени фотографиите на сите 54 победници, а за првпат ќе бидат доделени четири награди и тоа за: најдобра фотографија изгласана од публика, најдобра фотографија избрана од посетителите на настанот, најдобра фотографија избрана од жирито и најдобра фотографија на годината (вкупна награда како збир од сите три горенаведени начини на гласање).

Проектот #ФотоНаНеделата започна кон средината на февруари минатата година и успеа да привлече повеќе од 2.500 инстаграмџии кои на своите профили досега објавија околу 39.000 фотографии со овој хаштаг, а со тоа го направија #ФотоНаНеделата еден од најпопуларните проекти на социјалните медиуми во Македонија.

Основната идеја на овој проект е промоција на Инстаграм заедницата во Македонија којашто постојано креира вистинска фото уметност. Досега на блогот на ЏаБест направени се 54 интервјуа на инстаграмџии чии фотографии заслужено го добија епитетот #ФотоНаНеделата.

Овој проект не остана незабележан ниту во регионот, па така на регионалниот маркетинг настан Weekend Media Festival во Ровињ, во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион, #ФотоНаНеделата беше награден со SoMo Borac статуетка како финалист во категоријата SoMustHave за најдобра комуникација на Инстаграм и блог.