Почнува извозот на Фиат 500L во САД

20

fiat 500LДеновиве од пристаништето Бар кон САД ќе тргнат 3.000 автомобили Фиат 500L. Државниот секретар на српското Министерство за финансии и економија Александар Љубиќ изјави дека ова е само првиот контигент, затоа што плановите на Фиат се на месечно ниво да извезува по 3.000 автомобили во Америка.

Љубиќ се надева дека по моделот 500L, и вториот модел 500XL кој од фабриката во Крагуевац ќе биде лансиран кон крајот на мај или почетокот на јуни, ќе најде свои купувачи во САД.

Поради зголемената побарувачка за автомобилите 500L, фабриката Фиат автомобили Србија (ФАС) воведе и трета смена за да стигнат навреме со испораката, а за два месеци се вработени преку 500 нови работници.